Дваесетина затруени во кујната на Советот на Европа

13.10.2017 14:58

Според очевидци, ситуацијата е под контрола. Петмина од затруените се пренесени в болница.

Во кујната на Советот на ЕУ во Брисел се затруле околу 20 лица, откако под засега нејасни услови, во кујната „неправилно биле измешани производи“ што довело до ослободување на отровни гасови.

Според очевидци, ситуацијата е под контрола. Петмина од затруените се пренесени в болница. Со мензата во овој објект стопанисува приватна компанија, која служи меѓународни делегации и сите посетители на комплексот, вклучувајќи ја и новоотворената зграда „Европа“.