2.500 деца од претшколска возраст со оштетен вид
Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап, побарана поддршка од надлежните институции. Во Македонија лани се регистрирани 2.500 деца од претшколска возраст со оштетен вид.

Поквалитетно образование и подобра социјална вклученост за децата со оштетен вид. Од граѓанскиот сектор велат треба да се обрне внимание и на инфраструктурата, која би го олеснила нивното движење. Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап, побараа поддршка од надлежните институции. Во Македонија лани се регистрирани 2.500 деца од претшколска возраст со оштетен вид.
Суарет Алишан од НВО „Детски свет нов почеток“ нагласи дека нивниот фокус понатаму во соработка со сите организации ќе биде активна донаторска сметка, а средствата ќе бидат наменети за мултисензорна опрема и простор, што им е потребно на децата со оштетен вид од најмала до најголема возраст.
Директорот на Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов рече дека се вложиле сите заеднички на учениците да им се овозможат услови и образование какво што им е потребно. Нагласи дека мора да се работи на полето на квалитетот на образованието, на условите и на наставните средства и помагала кои им се повеќе од потребни на овие ученици за да можат да ги совладаат содржините предвидени во наставните планови.
