Долги години ситни трговци, денес сопственици на производствен капацитет
Од ситни трговци до сопственици на специфичен стопански капацитет.
Долгогодишните контакти и инвестициската одлучност на браќата Ристо и Кире Диневи им овозможија денес, во Југозападна Македонија да бидат единствените производители на италијанска тестенина со изграден бренд. Велат, не е тајна, квалитетот лежи во увозната сировина.
-Рецептот е италијански затоа што и таму користат пчeница од типот ,, дурум,, која кај нас не се произведува па затоа тука најчесто производите се од традиционалните типови на брашно вели Ристо Динев
Иако почетокот беше скромен а на моменти и скептичен по две години тука егзистенција најдоа 20 луге.
-„ Јас сум една од првите вработени. На поцетокот беше потешко затоа што се соочивме со нпозната технологија И сировина но сга сме добро уигран тим“, вели Илина Стефановска вработена во компанијата.
Резултат на тоа е зголеманиот асортиман на производи.
Во овој погон опремен со италијанска опрема се произведуваат 15 происводи. Бренд е кратката тестенина и се произведува по ориганелнио италјански рецепт.
Квалитетот на производот овозмози да се најде на менито кај поголемите странски инвеститори во земјава, Дел се пласира во малопродажбата а се цини не е далеку денот кога ке извезуваат.
-„во преговори сме со луге од Албанија а секој момент очекуваме добри встини од Австралија затоа што сигналите се позитивни,“ вели братот Кире Динев.
Браката Диневи велат најважно е кај домашните потрошувачи да се пробуди свеста дека со купувањето на домашните производи се отвара вратата за ново работно место. Доколку бизнисот се развива и понатаму велат дека имаат визија за нови производи што ке отворат нови работни места.
Новинар Стевче Митревски
Снимател Васил Проески
