Метео: За викендот сончево, од понеделник надпросечни температури
13.10.2017 16:11
Во недела ќе преовладува сончево и потопло време од утрешното, а во почетокот од следната седмица се очекуваат натпросечно високи температури...

Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и ветровито време со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер поизразен долж Повардарието.
Во недела ќе преовладува сончево и потопло време од утрешното, а во почетокот од следната седмица се очекуваат натпросечно високи температури со максимални вредности дури до 29 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
