Се очекува Трамп да ја обелодени новата стратегија за нуклеарниот договор со Иран

13.10.2017 16:20

Очите на светот се вперени кон Белата Куќа. Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да ја обелодени новата стратегија за нуклеарниот договор со Иран. Вашингтон тврди дека сака да го запре дестабилизирачкото влијание на Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа под зголемен притисок, како дома така и од надовор, по прашањето на неговиот однос кон Иранската нуклерна програма. Тој сака од овој договор да излезе, но за тоа се противат Германија, Франција, Британија, Русија, Кина и Европската унија, но и значителен број политички актери внатре во САД, па дури и од неговата администрација.

Се очекува Трамп по ова прашање да се произнесе час поскоро. Неговата задача е да ја информира јавноста дали Иран се придржува кон одредбите од нуклерниот договор. Тој неодамна во Обединетите нации го обвини Иран дека го дестабилизира Блискиот Исток и се закани дека ќе го поништи нуклерниот одговор. Доколку се случи ова, Конгресот во рок од 60 дена ќе треба да ја разгледа можноста за повторно воведување санкции, доколку заклучи дека тоа е во интрес за националната безбедност.

„Ова е најлош договор што е потпишан за сите времеиња од историјата на САД. За ова говорев во својата камапања и ветив дека го поништам овој договор. Иран е лош играч, па ќе видеме како ќе се развиваат работите во тој дел од светот“, изјави Трамп.

Освен американскиот претседател, кој вели дека договорет е срамен, сите релеванти актери вклучувајки ја Агенцијата на Светската организација за нуклерна енергија, се со оценката дека Техеран е доследен.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во врска со ова прашање рече дека е тешко да се замисли како правно Амеирка може да се повлече од овој дговор.

„Со оглед на статусот којшто овој аражман го има, а беше одоберен со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, тешко ми е да замислам како некој правно може да се повлече од договорот којшто е поризвод на заедничка работа и којшто сите го признаа како меѓународен правен инструмент“, изјави Лавров.

Според договрот од 2015-та година Иран се согалси да ја замрзне нуклерната порограма во замена за делумно укинување на санкциите. Интресно е тоа што иранскиот претседател Хасан Рохани смета дека амерканскиот претседател сепак на крајот нема да се откаже од договорт и покрај реториката и порпагндата.

„Со нуклерниот договор постигнавме предност. Никој не смее, па дури и Америка и претседателот Трамп да се повлече. Ова е неповратен процес“, нагласи Рохани.

Дел од добрите познавачи на состојбите во САД велат дека најверојатно по се изгледа шефот на американскта држава повеќе е против претходната администрација, отколку доследоста на Иран кон договорот. Но, кои и да се причините, велат аналитичарите многу е веројатно Трамп да одлучи да излезе од овој договор, освен ако во последен момнет одлуката не ја преиначи под пристисок, оставајќи место дипломатијата да го обработи своето.

 

Мирјана Василева