БЕСА побара поддршка од гласачите во Гостивар

13.10.2017 16:30

Движењето БЕСА ја финишира кампањата со средби со граѓани во општина Чаир. Претходно, имаше митинг во гостивар. Под мотото „За нов живот“ побара поддршка од гласачите...

Движењето БЕСА на предизборен митинг во Центарот за култура во Гостивар. Под мотото „За нов живот“ претставена предзборната програма. Лидерот на партијата, Биљал Касами рече дека победата во овој град ќе биде значајна и за Албанците и за Полошкиот регион. Очекува да освојат најмногу гласови и да ја предводат локалната самоуправа во наредните четири години.

„Движењето БЕСА е тука за да ја добие довербата од жителите на Гостивар. Нашиот кандидат Асаф Адеми ќе биде предводник на Гостивар и ќе ја води општината напред. Полог е срцето на Албанците во Македонија и затоа имаме многу проекти за развој на овој регион. Со Асаф Адеми ќе имате поддршка од Европа за развој на Гостивар и поддршка на сите Албанци во регионот“, изјави лидерот на БЕСА, Касами.

Кандидатот за градоначалник Асаф Адеми вели дека ќе реализираат значајни инвестиции во Гостивар.

„Имаме проекти кои ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат жителите на Гостивар. Еден од нашите најважни проекти е гасификацијата на градот. Предвидуваме и отворање на економска зона во сопственост на општината, со што ќе ја намалиме невработеноста. Гостивар со години е оставен настрана, заборавен. Во секоја сфера на животот чувствуваме недостатоци, во образованието, ја уништија животната средина, дозволија младите да заминуваат. Тие дојдоа како осободувачи, но не направија ништо друго освен што ги полнеа џебовите и ги вработуваа партиските членови. Со нас, овие работи ќе завршат еднаш засекогаш, за сите да бидиме рамноправни“, рече Адеми.

Говорниците на митингот на движењето БЕСА рекоа дека ќе се заложат за поголема благосостојба и животен стандард на граѓаните, за апсолутна транспарентност во управување со јавните средства, како и дека општината ќе биде во служба на граѓаните.

 

Наташа Јанчиќ