Ахмети: Потребни се кредибилни избори

13.10.2017 16:32

Лидерот на ДУИ Ахмети од митингот во Тетово рече дека ни се потребни кредибилни избори. Кандидатот за градоначалник Арифи очекува победа. Шефот на изборниот штаб Бесими рече дека понудиле амбициозна, но реална програма...

Цврсто веруваме дека граѓаните в недела ќе знаат да го направат вистинскиот избор и да гласаат за бројот 3, рече шефот на изборниот штаб на ДУИ, Фатмир Бесими на завршната прес- конференција. Оцени дека партиската програма е реална, но амбициозна. Тврди дека во неа има оддржливи и конкретни проекти.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, од Тетово побара поддршка за да може, како што рече, партијата да ја реализира програмата.  

Кандидатот за градоначалник Теута Арифи рече дека Тетово сега е град без депонија, со доволно чиста вода за пиење, 20 нови километри патишта и голем потенцијал за развој.

Интегративците упатија апел до партиите да се приддржуваат кон правилата за фер и демократски избори.

 

Анита Димитријевска