Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица
Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

На полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк.
Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќниоте лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.
Гласањето и денеска и утре, на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.
Локалните избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1.814.644 избирачи.
На локалните избори учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври.
Ова се шести локални избори во Македонија.
