Локални избори 2017: Гласањето почна навреме, се одвива непречено
15.10.2017 11:23
Засега изборниот процес тече непречено и без проблеми...
Во општините во Македонија гласањето на шестите локални избори почна навреме, во 7 часот, според извештаите од општинските изборни комисии. Засега изборниот процес тече непречено и без проблеми.
Сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има набљудувачи се отворени. Доцнење е забележано на шест избирачки места, а на пет избирачки места набљудувачите на МОСТ регистрирале помали неправилности, соопштија од МОСТ.
Граѓанското здружение Цивил оцени дека изборниот ден почнал мирно со помали технички нерегуларности.
Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.
