МВР: Гласањето без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир

15.10.2017 14:54

Има седум пријави за делење поткуп на кои се работи, а на 20-ина места гласањето било прекинато од технички причини и потоа продолжило регуларно...

Изборите засега се одвиваат без посебни проблеми или какви било нарушувања. Полицијата е на терен и постојано го следи процесот, соопштија од МВР.

Портпаролот Ангеловски рече дека има седум пријави за делење поткуп на кои се работи, а на 20-ина места гласањето било прекинато од технички причини и потоа продолжило регуларно.

Само во ОУ „Петар Здравковски- Пенко“ во општина Бутел имало вербална расправија и обид за физичка пресметка која, како што нагласи портпаролот на МВР, немала никаква врска со изборите.

Ако граѓаните видат каква било неправилност или нерегуларност при гласањето да пријават до МВР, а партиите да се воздржат од секакво нарушување на јавниот ред и мир, порача Ангеловски.