ДИК: Излезеноста до 13 часот 27,11 проценти

15.10.2017 14:59

На ниво на Републиката највисока излезност од 47,53 проценти е забележана во Демир Капија, а најниска во Желино 17,71 процент. Во Скопје, според бројот на излезени гласачи, излезноста е највисока во Карпош 34,64 проценти, а најмала во Шуто Оризари 19,16 проценти.

Излезеноста до 13 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територија на РМ изнесува 27,11 проценти. На ниво на Град Скопје е 29,17 проценти, соопшти  портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

На ниво на Републиката највисока излезност од 47,53 проценти е забележана во Демир Капија, а најниска во Желино 17,71 процент. Во Скопје, според бројот на излезени гласачи, излезноста е највисока во Карпош 34,64 проценти, а најмала во Шуто Оризари 19,16 проценти.

Во скопските општини излезноста во Аеродром е 33,97 проценти, во Бутел 28,44 проценти, во Гази Баба 29,34 проценти, во Ѓорче Петров 32,98 проценти, Карпош 34,64, во Кисела Вода 32,45 проценти, Сарај 20,31 процент, Центар 33,52 проценти, Чаир 21,88 проценти и во Шуто Оризари 19,16 проценти.

ДИК во моментов е во постојано заседание, односно има седница на која сите предизвици кои се појавуваат во текот на гласањето се решаваат. Сите неправилности се отстранети и гласањето тече без прекин, рече Гугучевска.