Излезеноста на изборите до 17 часот 49,14 проценти

15.10.2017 18:22

На територија на Град Скопје излезноста е 50,58 проценти. Највисока излезност на ниво на Македонија е во Вевчани 72,05 проценти, а највисока во Скопје во Гази Баба 58,02 проценти

Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија според податоците што ги објави ДИК изнесува 49,14 проценти. На територија на Град Скопје излезноста е 50,58 проценти.

Највисока излезност на ниво на Македонија е во Вевчани 72,05 проценти, а највисока во Скопје во Гази Баба 58,02 проценти. Најниско на ниво на Република македонија е во општина Маврово-Ростуше со 31,19 проценти, а најниска на ниво на Скопје во Шуто Оризари 33,83.

Набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ на денешното гласање забележале непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори на 10 гласачки места, проблеми предизвикани од неовластени лица на едно гласачко место и непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи на пет гласачки места.

МВР соопшти дека нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите. До 14 часот се примени уште 19 пријави по однос на изборни нерегуларности, како поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање на гласачко ливче, како и гласање за друг. Претходно беа поднесени седум пријави во врска со изборни нерегуларности.

Евидентирани се и 10 прекини на гласање на одделни избирачки места каде што после консултации и краток застој од по 15 до 20 минути гласањето е продолжено.