ОВП на Себастијан Курц победи на изборите во Австрија

15.10.2017 20:41

Курц најверојатно ќе биде најмладиот канцелар во историјата на Австрија со 31 година.

Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц победи на денешните предвремени парламентарни избори, покажуваат првите резултати од избирачките места.

Курц најверојатно ќе биде најмладиот канцелар во историјата на Австрија со 31 година.

Според првичните резултати од 42,4 отсто од преброените гласови, ОВП освои 30,2 проценти што во споредба со изборите во 2013 година тоа е зголемување за 6,3 отсто.

Со 26,8 проценти освоени гласови на второ место е Слободарската партија (ФПО) на Хајнс-Кристијан Штрахе. И ФПО бележи раст од 6,3 проценти во споредба со резултатите од изборите во 2013 година.

На трето место е Социјалдемократската партија (СПО) на канцеларот Кристијан Керн која освои 26,3 отсто од гласовите, што е за 0,6 проценти помалку од пред четири години.