60 лица загинаа во вооружен напад во Нигерија

16.02.2014 19:54

Вооружени напаѓачи, најверојатно припадници на екстремната исламистичка група Боко Харам, убија најмалку 60 луѓе, мнозинството христијани, во едно село на североистокот на Нигерија, соопштија денеска локалните власти.

Властите претпоставуваат дека напаѓачите се припадници на Боко Харам, кои го зазеле селото, ограбувале, а потоа побегнале.

По нападот стотици жители останаа без куќи, рече Улараму, кој во моментот се наоѓа во Абуџа, и додаде дека ќе тргне во локалната престолнина Мајдугури, за да организира хуманитарна помош. 

Екстремисти од Боко Харам минатата недела убија 43 луѓе во селата Кондуга и Вајирко, исто така во Борно.