Пожари во Португалија и Шпанија

16.10.2017 11:37

Во Шпанија е опожарена северозападната област Галиција, а жаришта има и во градот Виго, каде што е евакуирана приградска студентска населба.

Неколкумина загинаа во стотици шумски пожари на Пиринејскиот Полуостров. Во Шпанија е опожарена северозападната област Галиција, а жаришта има и во градот Виго, каде што е евакуирана приградска студентска населба.

Во централниот и во северниот дел на Португалија се регистрирани 440 шумски пожари. Издадена е наредба за евакуација на неколку места, а регистриран е и прекин на сообраќајот во Лисабон и во Порто.