Шилегов: Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените

16.10.2017 14:42

Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, раче Шилегов.

Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените, рече Петре Шилегов на првата прес- конференција. Изјави дека победил во првиот круг. Им се заблагодари на граѓаните што гласале за него и вети дека градската администрација ќе биде сервис на граѓаните.

Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, раче Шилегов.

На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.