Вардар доминантен и против Вакер Тун

16.02.2014 22:35

Бодрени од 4 - ипол илјадната публика постепено го зголемуваа водството, и притоа ја користеа секоја можност да одиграат што поатрактивно...

Убедлива победа на ракометарите на Вардар против Вакер Тун од 32 :25, што е нивна втора во серија, а четврта вкупно во Лигата на шампионите сезонава. Вардарци почнаа ефикасно, поведоа со 5 :2, и ниту еднаш не му дозволија на ривалот да израмни. Бодрени од 4 - ипол илјадната публика постепено го зголемуваа водството, и притоа ја користеа секоја можност да одиграат што поатрактивно, а тренерот Раул им даде шанса на сите расположиви сили од клупата.

Полувремето Вардар го доби со 17 :11, во кое деветмина се запишаа меѓу стрелците. Во вториот дел на двапати дојдоа до 9 разлика, кои упорните гости ги сведоа на седум, за конечни 32 :25. Меѓу дванаесеттемина стрелци кај Вардар предничеше Карачиќ со 6 гола, а Фон Дешванден кај Тун беше најефикасен со 8. Во последното коло Вaрдар му гостува на ПСЖ, во кој двете екипи, заедно со Металург ќе се борат за 2 позиција на табелата во “Ц“ групата.