Корејски Полуостров: Вежби меѓу САД и Јужна Кореја
16.10.2017 15:48
Тензиите на релација Вашингтон-Пјонгјанг и натаму ја држат во неизвесност светската политичка сцена.

САД и Јужна Кореја почнаа заеднички поморски вежби на крајбрежјето на Корејскиот Полуостров. Во петдневните маневри учествуваат 40 бродови, вклучувајќи го и американскиот носач на авиони „Роналд Реган“.
Тензиите на релација Вашингтон-Пјонгјанг и натаму ја држат во неизвесност светската политичка сцена.
Северна Кореја ги осудува вежбите и тврди дека се подготовка за напад врз нејзината територија.
