МОСТ: Првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера

16.10.2017 16:19

Првиот круг од изборите мина во фер и демократска атмосфера- соопшти невладината „МОСТ“ во својот прелиминарен извештај за процесот. Оцени дека институциите реагирале брзо и ефикасно.

Првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера - оценка на граѓанската асоцијација „МОСТ“ која со повеќе од 2.500 набљудувачки го следеше изборниот ден.

Според нив, институциите брзо и ефикасно реагирале на сите забележани нерегуларности, како фотографирање на избирачки ливчиња или отстранување на неовалстени лица кои биле пред или во објектите во кои се сместени глсачките места.

Од граѓанската асоцијација „МОСТ“ велат дека бројот на болни и немоќни лица кои гласале пред денот на изборите бил намален. Според нив, гласањето во затворите било спроведено согласно со законот. Сепак, дел не го оствариле своето право на глас поради тоа што ги немало во Избирачкиот список, поради неважечки лични документи.

 

Андријана Атанасовска