Странските инвеститори бараат домашни добавувачи

17.02.2014 08:51

Околу 20 странски инвеститори во Македонија денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании...

Со цел да се поврзат домашните компании со странските инвеститори и да се зголеми можноста за соработка, односно да станат нивни добавувачи, околу 20 странски инвеститори во Македонија денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании, членки на трите стопански комори во земјата. 
 
На бизнис средбата, насловена Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, како што најавија коморите предвидено е  обраќање на претставници на Владата. 
 
По воведните обраќања, странските инвеститори ќе пристапат кон презентирање на нивното работење и истакнување на потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.