Премиерски панел на „Самит 100“
Потврдено е учеството на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ.
Четворица премиери од регионот денеска ќе бидат учесници на панел дискусија на тема „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“ на „Самит 100“ што од вчера се одржува во Скопје.
Потврдено е учеството на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ.
Премиерите ќе дебатираат и на темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.
На Самитот учествуваа над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, министри и претставници на Европската унија. Поврзувањето на регионот е клучната тема.
