Пуџдемон го осуди апсењето на каталонските сепаратистички лидери
17.10.2017 10:24
Двајцата лидери учествуваа во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1-ви октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски.

Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон го осуди апсењето на двајцата каталонски сепаратистички лидери, по наредба на Врховниот суд на Шпанија, осомничени за антидржавна активност.
Двајцата лидери учествуваа во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1-ви октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски.
И за денеска се најавени протести во повеќе каталонски градови. Наместо конкретен одговор за прогласувањето независност, Пуџдемон побара уште два месеца за разговор со Мадрид.
