Регионален форум за прекугранична соработка

17.10.2017 10:37

Форумот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, а на отворањето ќе се обрати и шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар.

Споделување на добрите пракси и искуства на надлежните институции и тела од земјите во регионот, е целта на дводневниот Регионален форум за прекугранична соработка, што со поддршка на Европската унија почнува денеска во Струга.

Форумот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, а на отворањето ќе се обрати и шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар. На форумот ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија и на земјите од регионот.