Ден на Здружената оперативна команда
На прославата е предвидено присуство и обраќање на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, а говор ќе одржи и командантот на здружената оперативна команда, бригадниот генерал Зоран Милески.

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, Здружената оперативна команда свечено ќе го одбележи денот на единицата.
На прославата е предвидено присуство и обраќање на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, а говор ќе одржи и командантот на здружената оперативна команда, бригадниот генерал Зоран Милески.
На прославата ќе присуствуваат и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во министерството за одбрана Драган Николиќ, генерали во АРМ, како и претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и воени аташеи.
Со одлука на претседателот на Република Македонија, 17-ти октомври е определен за Ден на ЗОК, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз коишто се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.
