Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието

17.10.2017 10:46

Надлежен јавен обвинител донел наредба за проширување на истрагата за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид, сторено во соизвршителство...

Јавното обвинителство извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донел наредба за проширување на истрагата за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид, сторено во соизвршителство.

„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.