Филе во посета на Сараево
17.02.2014 09:01
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе е првиот европски функционер кој ќе допатува во дводневна посета на Сараево.

По протестите во Босна и Херцеговина, еврокомесарот за проширување Штефан Филе е првиот европски функционер кој денеска ќе допатува во дводневна посета на Сараево.
Посетата на високата претставничка на Европската унија, Кетрин Ештон се очекува за крајот на наредната недела.
Филе најави дека ќе им ја пренесе својата загриженост на политичарите, и дека никој не треба да се сомнева оти Европската унија го слушнала гласот на народот.
