На 29-ти октомври ќе се гласа во 35 општини
Во вториот круг СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во 19 општини, ДУИ и Алијанса за Албанците во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојузот на Роми и во уште една ДПА и БЕСА.

На 29-ти октомври ќе се гласа за избор на градоначалник во останатите 35 општини кои не добија градоначалници во првиот круг од локалните избори. Во вториот круг СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во 19 општини, ДУИ и Алијанса за Албанците во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојузот на Роми и во уште една ДПА и БЕСА.
Според податоците на ДИК, во првиот круг СДСМ освои 37 градоначалнички мандати, додека ВМРО-ДПМНЕ освои три градоначалнички мандати. Најтесна е разликата меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Штип и Чешиново- Облешево, како и во скопските општини Гази Баба и Кисела Вода.
Во првиот круг ДУИ освои две градоначалнички места, две - група избирачи и едно градоначалничко место има освоено Демократската партија на Турците во Центар Жупа.
Во тек е изборната кампања за вториот круг, а веќе тече и рокот за поднесување на приговори и жалби до Државната изборна комисија. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27-ми октомври во 24 часот.
