Пјонгјанг: Нема преговори ако САД не ја сменат политиката
„Во секој момент може да се случи нуклеарна војна. Ситуацијата на Корејскиот Полуостров достигна критична точка. Целосната копнена територија на САД е во наш домет, па ако Вашингтон се обиде да нападне дел од нашата земја, нема да се спаси од острата казна“, изјави Ким Ин-Рјонг, заменик- амбасадор на Северна Кореја во ООН.

Претставникот на Северна Кореја во Обедиентите Нации предупреди дека никогаш нема да преговара за нуклеарно разоружување доколку САД не го сменат непријателскиот однос.
„Во секој момент може да се случи нуклеарна војна. Ситуацијата на Корејскиот Полуостров достигна критична точка. Целосната копнена територија на САД е во наш домет, па ако Вашингтон се обиде да нападне дел од нашата земја, нема да се спаси од острата казна“, изјави Ким Ин-Рјонг, заменик- амбасадор на Северна Кореја во ООН.
Севернокорејскиот дипломат потенцира дека по серијата ракетни лансирања и шестиот нукеларен тест, неговата земја ја минала последната порта на патот кон статусот на нуклеарна сила.
