Собранието со променет состав по локалните избори
По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово.

На првата собраниска седница по локалните избори претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги информира народните пратеници дека Чедомир Саздовски ќе функционира како независен пратеник.
По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово.
Меѓу пратениците кои ќе бараат глас за градоначалник во вториот круг се и пратениците Бетиан Китев, Благој Бочварски и Курто Дудуш од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Оставки на пратеничките функции пред изборите поднесоа и пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од БЕСА, кои се кандидираа за градоначланици.
