МВР трага по три лица инволвирани во собраниските настани од 27-ми април

17.10.2017 12:17

МВР ги повикува сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192...

Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство- Скопје, а во врска со кривично- правниот настан од 27-ми април во Собранието на Република Македонија, а по претходно одобрение од Јавниот обвинител, МВР објави фотографии за три лица кои што се важни за постапката.

МВР ги повикува сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата „Пријави сомнително лице“ на официјалниот сајт на МВР, или да пријават во Јавно обвинителство.