Почувствуван земјотрес во Охрид
17.10.2017 12:32
Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и околината...

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтер денес во 11 часот и 18 минути е регистриран на 105 километри југозападно од Скопје, во Охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.
