ЕУ: Локалните избори се одржаа во натпреварувачки амбиент
Забележани се и одредени, наводни кршења за време на предизборниот преиод, велат од ЕУ делегацијата. Се препорачува властите да ги спроведат претстојните препораки на ОБСЕ/ОДИХР, а ЕУ е подготвена да помогне во процесот.

Локалните избори се одржаа во натпреварувачки амбиент и беа набљудувани од посматрачите на ОБСЕ кои излегоа со прелиминарни наоди и заклучоци за изборите, соопшти Европската делегација во земјава, дополнувајќи дека според ОБСЕ, локалните избори ја зајакнале довербата во демократските процеси, во фундаменталните слободи и изразување.
Забележани се и одредени, наводни кршења за време на предизборниот преиод, велат од ЕУ делегацијата. Се препорачува властите да ги спроведат претстојните препораки на ОБСЕ/ОДИХР, а ЕУ е подготвена да помогне во процесот.
Сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, пред и за време на вториот круг во некои општини на 29-ти октомври, соопштуваат од европската амбасада, а институциите да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес.
Истовремено, од Делегацијата ги охрабруваат новоизбраните носители на локалната власт да придонесуваат во остварувањето на реформите поврзани со европската агенда на земјата. Унијата продолжува со поддршка на земјата во реформскиот пат за интеграција, се вели во соопштението на европската делегација во Скопје.
