Протест на вработените во „Еурокомпозит“
Се бара исплата на платите, зашто немаат земено од јануари, а неплатени се придонесите за пет години, како и исполнување на последниот договор меѓу компанијата, Синдикатот и Владата за постепена исплата.

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ и едиствен загубар со нерешен статус денеска протестираа на влезот од Прилеп. Се бара исплата на платите, зашто немаат земено од јануари, а неплатени се придонесите за пет години, како и исполнување на последниот договор меѓу компанијата, Синдикатот и Владата за постепена исплата.
Лазар Ангелески, претставник од Гранковиот синдикат за енергетика, метална индустрија и рударство, потенцира дека „Еурокомпозит“ е последниот загубар на кој државата е целосен сопственик и оти е крајно време да се решат проблемите.
„Не се исполнуваат основните права на работниците, за речиси цела година немаат добиено плата, пет години не им е платено пензиското осигурување. Очекуваме континуирано средби со раководството на фабриката и со претставници од Владата и како последен загубар не треба да се „пушти низ раце“. Ќе направиме се да се најде мирно решение на проблемот“, вели Ангелески.
Соред гранковиот Синдикат за енергетика, руарство и метална индустрија треба со преговори крајно да се реши статусот на овој последен загубар. Новото раководство на „Еурокомпозит“ вели дека се почнати преговори со владата за нов поголем пакет средства.
