450 илјади луѓе во Македонија живеат со помалку од 6.500 денари месечно

17.10.2017 14:33

450 илјади жители живеат во ризик од сиромаштија. Само 10 насто од нив се вработени, и тоа во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно. Надлежните институции најавија редефинирање на постојната регулатива, и нови системски решенија за намалување на сиромаштијата во земјава.

450 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија, со помалку од 6.500 денари месечно- покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик. Невладините организации кои се присутни на терен велат дека години наназад се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните, предвидените мерки за помош затајуваат во одредени случаи.

Универзитетската јавност нуди решение за проблемот со сиромаштијата. Сепак, се предупредува дека е потребна синхронизирана акција на сите чинители во општеството.

Надлжените планираат до 2020 сиромаштијата од 21,5 проценти, колку што е во моментов, да ја намалат до 16. Планираат и да ги скратат непродуктивните трошоци за да има повеќе пари за социјално ранливите.   

Според податоците на Обединетите нации, во светот над 2 милијарди луѓе живеат во сиромаштија.

 

Наташа Јанчиќ