Сирија: Турските воени сили со втора база во Идлиб
17.10.2017 14:43
Првата е во Шеик Баракат, највисоката точка на локалната планина меѓу провинциите Алепо и Идлиб.

Турција ќе распореди втора воена база во зоната за деескалација во сириската провинција Идлиб. Првата е во Шеик Баракат, највисоката точка на локалната планина меѓу провинциите Алепо и Идлиб.
Ќе бидат распоредени три фиксни станици во Идлиб, како и над 40 набљудувачки места, од кои 30 ќе бидат мобилни.
