ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите

17.10.2017 14:50

Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето, смета ВМРО-ДПМНЕ.

За изборите и инцидентите се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.