Над 500 граѓани заинтересирани за владината мерка за бесплатен одмор
Според информациите од Министерството за економија, бесплатниот одмор ќе може да се искористи во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа што се пријавени над 60 хотели за сместување.

Над 500 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи. Крајниот рок за пријавување на заинтересираните е продолжен до крајот на овој месец.
Според информациите од Министерството за економија, бесплатниот одмор ќе може да се искористи во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа што се пријавени над 60 хотели за сместување.
Според средствата што се обезбедени за оваа намена, се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства чии месечни приходи не надминуваат 22 илјади денари.
