Малта: ФБИ дел од истрагата за убиството на новинарката
18.10.2017 10:21
Таа загина во експлозија на автомобил-бомба во близина на нејзиниот дом. Пред неколку недели поднела пријава во полиција за закани.

Форензичарски тим од ФБИ е дел од истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција која беше познат критичар на власта, вклучувајќи го и премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кого го обвинуваше за корупција во скандалот „Панама документи“.
Таа загина во експлозија на автомобил-бомба во близина на нејзиниот дом. Пред неколку недели поднела пријава во полиција за закани.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж понуди 20.000 евра за информации за нејзиното убиство.
