ОМД: Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО
На 16-ти септември тие испратиле и писмо до американскиот претседател во кое посочуваат дека Македонија е стратегиски партнер на САД, особено во Авганистан и дека Грција не може да води спор за уставната употреба на името Македонија.

Средба на американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Белата куќа, за што Обединетата Македонска Дијаспора во соопштение бара од Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО.
На 16-ти септември тие испратиле и писмо до американскиот претседател во кое посочуваат дека Македонија е стратегиски партнер на САД, особено во Авганистан и дека Грција не може да води спор за уставната употреба на името Македонија. Дијаспората бара од Трамп да го одбрани единството на НАТО и да му укаже на премиерот Ципрас за отстранување на блокадата за членството на Македонија во Алијансата.
Според последните информации, Трамп и Ципрас вчера не разговарале за Македонија, но било покренато прашањето за улогата на Алијансата. Трамп барал и Грција да вложува два насто од буџетот за колективната евроатланска одбрана. Притоа е потенцирана и местоположбата на Турција, во геостратегиските сфери на влијанија на големите сили.
