Каталонците бараат ослободување на сепаратистичките лидери

18.10.2017 11:03

Побараа ослободување на водачите на „Националното собрание на Каталонија“ и „Омниум култура“, кои имаа клучна улога во организацијата на референдумот за независност...

Над 200 илјади луѓе во Барселона протестираа поради апсењето на двајцата каталонски сепаратистички лидери Жорди Санчес и Жорди Куишарт.

Побараа ослободување на водачите на „Националното собрание на Каталонија“ и „Омниум култура“, кои имаа клучна улога во организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1-ви октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски.