Ново рочиште за случајот „Сопот“
Претходното рочиште на 9-ти октомври беше одложено по предлог на одбраната, која побара дополнително време за подготовка, поради промената на судиите во Кривичниот совет и преземањето на случајот од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Со сослушување сведоци, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Сопот“. Претходното рочиште на 9-ти октомври беше одложено по предлог на одбраната, која побара дополнително време за подготовка, поради промената на судиите во Кривичниот совет и преземањето на случајот од страна на Специјалното јавно обвинителство.
Во 2003-та година двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
