Четворица во притвор за нападот врз Села

18.10.2017 12:24

Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.

Јавното обвинителство соопшти-  определен е притвор од 30 дена за четворица осомничени за кривичното дело „убиство во обид“.

Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.

Има предлот за притвор на уште еден човек, но за него дополнително ќе се донесе одлука поради тоа што му е влошена здравствената состојба- велат од обвинителството.