Рахој апелира до Пуџдемон да дејствува разумно
18.10.2017 13:41
Шпанските власти се заканија дека ќе побараат укинување на автономијата на Каталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност.

Шпанскикот премиер Маријано Рахој упати апел до каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон да „дејствува разумно“ бидејќи се приближува рокот за откажување од независност. Рахој побара од каталонскиот лидер да ги стави интересите на граѓаните во прв план.
Шпанските власти се заканија дека ќе побараат укинување на автономијата на Каталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност.
Централните власти ѝ дадоа рок на Барселона до утре да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не.
