Австрија: Фелипе и Луначек поднесоа оставки по изборите

18.10.2017 14:08

Луначек изјави дека нема објаснување за дебаклот, но призна дека „имало грешки, кои треба да се анализираат“.

По изборниот дебакл и откако не влегоа во новиот состав на австрискиот Парламент, „Зелените“ паднаа во длабока криза, а носителот на листата Улрике Луначек, си поднесе оставка.

Луначек изјави дека нема објаснување за дебаклот, но призна дека „имало грешки, кои треба да се анализираат“. Таа посочи дека изборите биле одлука во еден правец, поради што гласачите не обрнале внимание на темите, како што се Европа, социјалните прашања и човековите права.

Луначек потенцира дека ова е најтешката криза на Зелените од влегувањето во парламентот пред 31 година.  Порача дека ќе го исполни ветувањето и дека нема да се врати во Европскиот парламент, но не ја отфрли можноста да се кандидира за Европското собрание.