Расте бројот на зависници од дрога во Македонија

18.10.2017 14:57

Надлежните немаат податоци колку деца и млади живеат во социјален ризик, регираат невладините. Не само во Македонија, сите земји од Западен Балкан имаат ист проблем. Граѓанскиот сектор во Македонија ќе работи со зависници од дрога, велат расте нивниот број и се намалува старосната граница...

Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Невладините велат, состојбата е алармантна, институциите немаат податоци или ако имаат некакви бројки- тие не соодветствуваат со состојбата на терен. Граѓанското здружение ХОПС само во Скопје има регистрирано стотина млади зависници.

Социјалните работници велат, тие се активни на терен, но и покрај тоа расте бројот на млади зависници. Според нив, се намалува и старосната граница, 9-годишни вдишуваат лепило, 12 –годишни користат дрога.

И земјите од Западен Балкан се соочуваат со исти проблеми. Претставниците на мрежата за социјално зајакнување на млади во ризик велат- состојбата е алармантна.

„Во Црна Гора има проблем кога младите ќе ги напуштат инстуциите. Исто така, работевме и со млади кои користат психотропни супстанци. Не постои адекватна подрршка, треба да се работи на јакнење на капацитетот, не само на невладите, туку и на соработка меѓу граѓанскиот сектор и инстуциите“, изјави Марјана Крсмановиќ, НВО од Црна Гора.

Деца на улица и оние од дисфункционални семејства како и млади кои имаат проблеми со законот се таргет групи со кои работат невладините од регионот. Велат, поголем дел од оваа популација не е препознаена од институциите кои мораат да им дадат некаква поддршка за да се стекнат со образование, но и здравствено и социјално да бидат згрижени.

 

Наташа Јанчиќ