ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април

18.10.2017 15:00

Извршниот комитет на оваа партијата утврдил дека во изминатите 5 месеци била очигледна политиката на власта за масовно ослободување на криминалци.

ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април. Извршниот комитет на оваа партијата утврдил дека во изминатите 5 месеци била очигледна политиката на власта за масовно ослободување на криминалци.

СДС која во овој момент има целосна контрола врз обвинителствата и судството во македонија, ги ослободи од затвор Агим Красничи, Бајруш Сејдиу, Велија Рамковски осудени за поголем број кривични дела, од притвор го ослободи Сеад Рахиќ- осомничен за продавање дрога, кој го нападна лидерот на ГРОМ пред неколку дена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно со ветувањата дадени на ДУИ, СДС издејствува обвинителството да побара пред врховниот суд преиспитување на пресудата пред крвичниот суд, против сторителите кои убија пет млади лица на Смилковско Езеро.