Сорос донирал 18 милијарди долари во фондацијата „Отворено општество“
18.10.2017 15:13
„Њујорк тајмс“ пишува дека информацијата ќе го стави Сорос, кој е дежурна цел на конзервативните критичари, во центарот на друштвените и политички дебати во САД.

Американскиот милијардер Џорџ Сорос во изминатите неколку години уплатил 18 милијарди долари во фондацијата „Отворено општество“. Со тоа таа организација станала второто најголемо филантропско друштво во САД, по Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
„Њујорк тајмс“ пишува дека информацијата ќе го стави Сорос, кој е дежурна цел на конзервативните критичари, во центарот на друштвените и политички дебати во САД.
Милијардерот го основал друштвото пред повеќе од 30 години со цел промовирање на демократијата и човековите права во повеќе од 120 држави во светот.
