Се подготвуваат измени на Законот за извршување
Комората на извршители во соработка со Министерството за правда веќе работат на регулативата. Според претседателот на комората, Димов повеќето одредби донесени лани го забавиле извршувањето...

Функционален закон и ефикасни извршители предвидуваат измените на Законот за извршување. Комората на извршители во соработка со Министерството за правда веќе работат на регулативата. Според претседателот на комората, Димов повеќето одредби донесени лани го забавиле извршувањето.
Од Коморите велат дека и извршителите и адвокатите сѐ уште имаат ниски тарифи. Во следниот период треба да се обезбедат услуги достапни до сите граѓани.
Преку посебен електронски безбедносен систем нотарите, извршителите и адвокатите во иднина ќе ги добиваат документите со што ќе се забрзаат сите постапки.
Од идниот месец по електронски пат граѓаните ќе може да добијат и извод од матичната книга на родените и од матичната книга на венчаните.
Дијана Ценевска
