БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг од локалните избори

18.10.2017 16:10

Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг на локалните избори. Велат дека тоа ќе има треба со оглед на резултатите од првиот. Од ДУИ се воздржуваат од конкретен коментар и повторуваат дека тие се апсолутен победник кај албанските партии...

Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини. Веќе долго време се потребни промени во албанскиот политички блок и затоа токму денеска дојде до оваа соработка- велат од новоформираната коалиција.

Двете партии се надеваат на победа во вториот круг од локалните избори закажани за 29-ти октомври. Од друга страна, пак, од ДУИ сметаат дека тие ќе бидат апсолутен победник меѓу албанските партии. Османи ја коментираше и коалицијата меѓу БЕСА и Алијансата, во ситуација кога Зијадин Села е дел од владата.

Шефот на изборниот штаб на Алијанса за Албанците, Елми Азири за Струга, пак, очекува премиерот и лидер на СДСМ, Заев како коалиционен партнер во Владата да остане неутрален.

Викторија Милевска