Трудовата и секскуалната експлоатација најчести во Македонија
Лани во Македонија биле регистрирани шест жртви на трговија со луѓе, годинава ниту една. Во соседните држави се идентификуваат од 100 до 150 жртви на годишно ниво. Најчести се сексуалната и трудовата експлоатација...

Трудовата експлоатација во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден на трговијата со луѓе. Недостига идентификацијата на жртвите, на која надлежните институции и невладиниот сектор треба да работат заедно. Во Република Македонија препознавањето на жртви е менливо. Лани 6 жртви, годинава ниту една не е регистрирана, што не значи дека нема, велат од невладиниот сектор.
Во соседните држави пак, се идентификуваат од 100 до 150 жртви на годишно ниво. Трудовата и секскуалната експлоатација се најчести во земјава.
Според истражувањата на меѓународната организација за миграција, децата и младите се поранлива категорија, особено оние кои подолго патуваат низ рутите.
Неопходно е и зајакнувањето на свеста кај граѓаните и кај носителите на одлуките за потребата од осмислување на превенција и заштита на жртвите, велат од Министерството за труд и социјална политика. Најавија зголемување на бројот на трудови инспектори за препознавање жртви од ваков тип експлоатација.
Националната комисија за борбата против трговија со луѓе поставила две цели - неказнување на жртви на трговија со луѓе и креирање фонд за нивно обесштетување.
Модниот викенд ќе биде одбележан со кампањата „Стоп за трговија со луѓе“.
Наташа Гркова- Петрушевска
